Говорникот, стискајќи го и понатаму вратот на микрофонот, со подвиткани раменици и гребејќи со слободната рака по воздухот, продолжуваше со својот говор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Ете, тука - се удира по гради – како имела болката се залепи, стега и гребе и шепоти, наслушнува, никаков глас, никаков шум не допира, само тишина, нема ништо, пусто е.... а тоа пусто боли, та не престанува.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Исто небаре кучка. Ја ниша главата и гребе по ѕидовите, удира.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Телото ми се вкочани, но тоа не го запре да ги пикне рацете под мојата ноќница и да почне силно и бавно да ме фаќа, штипе и гребе по бутовите, стомакот и градите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Се бранувала, силно удирала и гребела во него, како тој да бил причината за сите нејзини неволи и фрустрации, и не се смирувала сѐ додека не го расчистела својот пат.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дино скокна од креветот и во темницата почна нешто да вика.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)