Убав свети Ѓорѓија, а сега? се праша наеднаш Бајко и заоде како во сон.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Го префрлија ѕидот и заодија со дикат, скоро како на прсти.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го мина мовчето и заоди по патчето од другата страна на реката.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Одвај пркната и заодена, секогаш се врткаше околу мајка Фимка и од неа научи од вечера да зафати леб - во земнено черепче подновуваше квасец, а утредента, во рано утро замесуваше во ношвите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)