и (сврз.) - знае (гл.)

И знам дека штом таа сина точка биде доволно згусната, ќе тргне кон мене ширејќи се во некој облик во некој нов настан што ќе го доживеам, што ќе ми донесе нова страотност и веќе ми студи од страв.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Божем сум сонувал дека плачам и знам оти на сон да плачеш значи дека на јаве ќе се радуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога градиш куќа, градбата се крева, гледаш како расте пред тебе, и знаеш, макар и по многу маки, за крајот, за покривот што ќе следи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И ти имаш уши да чуеш, и знаеш поарно од мене, туку се правиш дека не слушаш, ти се живее, не ти се умира, таму е работата!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Иако за глава покус од Миќо, јас бев спечен и жилав и знаев многу вешто да се служам со борењето со сопки, та Миќо за час се најде испружен на земја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој сеќава и знае: еве ја дојде таа - осудата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Поради тоа и знаеме дека минатото не може да се преправа, пресоздава, и дека тоа не е за спомени, туку за возобнова на корените.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не му беше сосем по волја на Бојан ова рано излегување, му се спиеше, но не можеше да му противречи на чесниот старец, а и знаеше што значи за целото негово семејство загубата на едно теле.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Важно, Стрела е жива и знае дека во никој случај, дури и по цена на сопствениот живот, нема да ја прати во челустите на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Јас знаев дека Партијата полека но сигурно целосно го обзема, и знаев низ кои фази поминува тој, оти јас тие фази ги имав веќе изминато: трансот при донесувањето на колективните одлуки, силните емоции во толпата, чувството дека припаѓаш на нешто многу силно и важно, дека правиш прометејски чекори за твојот народ; Земанек, поради Партијата не ме виде мене, Луција, жена од крв и месо, како што јас, поради Партијата не успеав да го видам Јан Лудвик.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И знаеше дека и јас знам дека ова е само дел од одмаздата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И знаев дека нешто зад клучалницата на душата на Лествичникот скриено и тајно има.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И знаев дека како последица на тој активен партиски живот, кај Земанек, исто како и кај мене, ќе се избрише здравата линија до која може да се оди во повредувањето на другите луѓе (каков апсурд: а се боревме за здрав народен дух!); тоа и се случи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Едноставно, се разбудив едно утро без средето на светот во себе, и знаев дека не ќе можам да изведам веќе ниедна точка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете така, татко мој, оче Мида, така и ти брате Лествичнику што по скалите нагоре одиш (а слегуваш) кон својата одаја, и ја отвораш вратата и ме гледаш, и знаеш дека и јас знам, и солза не проронуваш, а јас плачам, оти те сакам, оти си ми брат и друг јас на светот овој ништо немам, оти ти велам: сѐ ќе сторам братот мој да не ја изгубиш главата, оти утре страшно собитие те чека, брате мој, кога логотетот ќе види дека одајата си ја отворил не три, ама три илјади пати за овие години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Личеше на девојка, на блудница вавилонска, жешка, оти и бојата ѝ беше таква, жешка, црвена; Филозофот ја допре со врвот на прстот и се насмеа, а Лествичникот ништо не сфаќаше, но јас знаев дека во тој миг Филозофот ја чувствува сета топлина на светлината, жарот на сонцето сето, врелината на плодницата, осилото на пајакот, жарот на најотровниот отров, оти отровот е лут, и гори, и во болка со него се насладуваш; сето тоа го знаев, и знаев дека Филозофот веќе следниот миг ќе помине со прстот по сите букви, од буквата Ж ќе почне, од средето на клопчето, и дека ќе им ја прочита топлината на буквите, бојата нивна, и дека тргнувајќи од средето, најрпвин ќе помине со прстот кон едниот, а потем кон другиот крај на клопчето, и дека потем сосема спокојно, како да не прочитал ништо, ќе се сврти со светлината кон ѕидовите на одајата, како да разгледува храм непознат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина, топлината на буквите, и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Та така и јас, кога со прстот проаѓам по букви непознати, ја чувствувам нивната топлина и светлината нивна ја гледам, оти секоја топлина има и своја боја, и знам дали записот говори за студено или за топло, за мрачно или за светло, за арно или за зло.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му го познавав добро табиетот, и знаев дека нема да се откаже; во еден миг, веќе зажалив што повторно се сретнав со него, и реков: „Добро. Но само четврт час“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Топлата есен 2000 година од Христовото раѓање, во Византион илити Константинопол, илити Цариград, илити Стамбол, илити Истанбул на западната страна на црквата „Св. Софија“ (Аја Софија) откај што можеше најубаво да се види, да се доживее храмот, седнат на дрвена скамејка и по четврти пат го почувствував студеното ветре околу моето срце и знаев дека, од некаде, одблизу ме демнат темните очи на Рибоокиот, и оти неговото тело е во близина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Исто така, можеби руските конзули ги заштитуваат српските интереси во Македонија, не за атер, ами едно, зашто и Србите како и Бугарите се Словени, а друго, зашто Србите поарно ги имаат разбрано и знаат да ги бранат нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Слушал. - Кој си, што бараш? - Знаеш кој сум и знаеш што барам. Пушти ме да влезам. - Да влезеш? Зошто? - Знаеш зошто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И веќе не знаел и не можел да види дали таа дошла до прозорецот, дали ѝ се распуштени косите како густ злотопад над соголените раменици, дали ги кршела прстите преплашено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовитиот Дмитар-Пејко сепак знаел како изгледа она што другите не го гледаат и знаел дека од дебелата 'рскавичавост на животното се одбива семоќен ветар и паѓа врз нив разбиен во капки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби и ги стискале клепките иако можеле да догледаат дека низ порабен облак се покажало крајче зимурлава месечина. Бездруго со изѕемната муцка на бескуќен никаквец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Вие велите, прво градите“, меко се надоврза чиновникот како да сака да го ободри новодојденецот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Да, градите и мокрота, потоа нема мокрота и градите и не можам да дишам... и знаете...“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Фрли сега повеќе од страв, отколку од сѐ друго, фрли сѐ уште со онаа наостреност во себе, но си го исфрли и последното зрно и знаеше дека му преостануваа само уште неколку мига, во кои требаше да се реши сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, оној нерез сега заминуваше нагоре, а тој пукаше уште еднаш и знаеше дека и сега го погоди.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Добро баба Маре, ќе ја земеме“, ѝ велам и знам што ќе биде следното: „Вода топла има стално, а на езеро ќе переш за дечињата“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги слушам и знам дека страдаат од амнезија... дементни, одвратни старци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знаат, бездруго, дека ќе го закопам во мракот на визбата и знаат дека над него ќе одгледувам габи, од оние неотровни, беломесести, сочни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Плачеше од бес и знаеше дека гревот што го следи ќе го фрла секогаш во нови вирови на грев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас цел живот ги газам планиниве и знам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не гледаше и знаеше: кругот се стеснува - полека, со сигурност, и подмолно.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се обидов да бидам духовит и знаев дека сум смешен и несмасен: - Не можам својата љубов да ја кријам. Моето срце е човечко само кога е голо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие се плашат од луѓето и знаат дека за многу од нив се кловнови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Иако лутата течност не беше варена од зрела `рж бев пијан и безумен и знаев дека сите во крчмата се плашат од моите очи - улишта на пакост и закана.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Знае кој присад, која јаболкница е нивна, и знае сѐ околу куќата што е нивно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знам, дека кравата е стелна, пред три месеци се води и знам како е да носиш жив плод.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па и тој носи душа и знае што боли и што не боли. Што блажи и што горчи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама тоа што копа не запира да работи, вели, и знам дека не е одозгора, вели, не е ни од градиве, на кожава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не звучеше како да е загрижен и знаев дека ќе го скрие и дека нема да го врати.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не сакам да се фатиме во лага.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Плачеше од бес и знаеше дека гревот што ќе го следи ќе го фрла секогаш во нови вирови на грев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од стабилна особа која имаше став за сѐ и знаеше што сака, станав шалабајзер што никој не го сфаќа озбилно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Умен сум и знам повеќе од тебе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И знаеше како до тоа да ме доведеш. И ме поведе за последен пат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И знаеше: алкохолот под неговото теме смислува чемер за секого што може нему да му биде чемер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но низ темнината што го обвиткуваше, слушна нов метален звук и знаеше дека вратата на кафезот се затвори, не се отвори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му кажа, значи, и за себе, и за неа. А му кажа толку малку, и толку многу, затоа зашто го разбираше и знаеше како во срцето да му го забоде неподвижниот колец на соучесништвото.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бевме деца и знаевме сѐ, добри со доброто, зли и кога требаше да знаеме за болка.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Го знаев теренот и знаев од која точка најдобро ќе го исцртам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Бил вклучен од самиот почеток и знаел сѐ за Долнец и за браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Станувам наутро рано и знам: Гаро ќе го врзам и ќе му дадам леб, а на коњот зоб.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И знаеш, Рајно сестро, уште сака да се жени... За тоа сум дојдена... Фрлил мерак по вашата Симка.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Попот, бидејќи секој ден имаше работа со господ и знаеше колку е голем овој, се најде поласкан од Јована што го спореди со него и реши да му помогне на својот стар пријател, Иако за овие три години се „посрби“, за која постапка и го намрази.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште на пет чекори пред општината, а Дуче веќе чука со двете големи вретена на него: дангара, дамбара, дангара, дамбара, — мава Дуче колку што може и не може и знае дека далеку се слуша неговиот барабан, иако сам ништо ве може да слушне, бидејќи беше глув на двете уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И знаеше: српестиот месечко се опивал од врбата по смртта на ветрот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Презафатен сум, ми говореше а јас сакав сѐ и знаев сѐ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И онака од сите страни на клучалката сцената е иста, а оној кој не заминал сосема се буди и таму кајшто е отсутен ја спотнува во занес ереста - плодното мрестилиште на слободата и знае: животот не е еден.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Гледаш во големата валкана крпа и знаеш дека внатре е повторно мракот и нештата повторно почнуваат да се движат и мрдаат токму како што сѐ мора да се движи и мрда штом повторно ќе се најде во мракот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Понекогаш, ноќе, ќе ги чуеше како се превртуваат, и знаеше дека сонуваат, дека се сеќаваат на златната или жолта боичка, или на паричката со која ќе го купат светот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Покрај него застана старец и праша: - Што е ова?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Разбирам да е шајка, ја гледаш и знаеш на што удираш...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И знаеш ли на што личи целиов Прењес? На загноена рана.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Колку мачно ли се чека една тешка ноќ една темна ноќ што застрашува Сега се смеам и знам дека сеедно не е како ќе дојде таа штом престрашено чекам да биде црна црна
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Пак еве дојде ноќта... Дојде ко тивка вода и не ме плаши веќе Блиска во собата седи и молчи и тихо зрачи и знам: ќе биде добро ќе биде добро сѐ Ноќ...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Нина длабоко се издиша, лицето ѝ стана сериозно: „Драги еколози, најнапред се извинуваме дека доцна ви одговараме, попречија новогодишните, па и божиќните празници, па зимскиот распуст, па дури после одржавме состанок, со задоволство ја прифаќаме соработката, со желба да се посетуваме, вие доаѓајте кај нас во Струга на летување и знаете колку сме гостољубиви.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Денес купив брокула и лимони на терасата имаше нови саксии- земја, зелени разјадени листови и знаев: ти беше мојата Араукарија.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
И знаете што ми рекоа? Ми рекоа: браво! Така те сакаме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие, кои емоциите ги ставија настрана и знаеја да мислат, ова го сфатија како најава на големи и бурни настани, а другите, просто, како најава на војна..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа беше моја постојана придружничка и знаеше да ме разнежи и натажи, но јас не бев пишман што дојдов тука и се трудев да го оправдам тоа мое доаѓање и пред самата себе и пред моето семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Перса веруваше во Господовите чуда и тајни и знаеше дека не треба да се растајнува сето тоа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ме познаваа луѓето и знаеја што носам на себе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум татко на шест деца, вели, и знам како дише жена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам, значи постојам. Гледам сѐ и знам сѐ, дали мојот дар ме просветли!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ги знае добро моите желби скришни и знам што сака од сите вас да скрие.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
И знам дека кора ќе се вратиме дома, јагликите ќе зафатат место во најубавата вазна, а јас ќе морам заедно со Билјана да размислувам за приказната на старецот и да одговорам на стотици прашања што Билјана секако ќе ми ги постави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И знаев дека зад повисокиот рид има уште повисок.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не беа како обични наставници што те водат на летување, туку како другари, повозрасни другари кои знаат што сакаат децата и знаат како тоа да им го овозможат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)