и (сврз.) - изгледа (гл.)

Навијстина се плашеа од неа, ама кога почна да ги гали, попрестрашија и изгледа добри пријатели ќе бидат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас да си и изгледам мојте, та за туѓите ногу глава не ме боли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Науката и техниката се развиваа со невидена брзина и изгледаше природно да се претпостави дека ќе продолжат да се развиваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малку ѝ се поврати бојата и изгледаше многу подобро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И изгледа дека сум го изговорил повеќепати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Една млада жена, можеби неговата секретарка, седеше свртена со грбот кон Винстон, го слушаше и изгледаше како спремно да се согласува со сѐ што кажуваше тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега кога поттикот што го даваше болката беше отстранет и изгледаше како да ја загубил сета способност за интелектуален напор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како да беше сиот од мали вентили: штукаше и изгледаше дека прска, отфрлувајќи ја главата од собраните раменици. Се знаеше - од него избиваше парфем и лук.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И изгледаше така: накострешен, исклештен, страшен змеј од китајска свила. „Слушај, слуго господов“, цедеше бел пенлив отров.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Дојдов тука“ , рече брат му. „Ти знаеш дека не пијам.“ Беше изменет и изгледаше како некој друг, непознат за Отец Симеон; имаше закажарени дамки на образите, проредена, нејака коса, тапа брада под белите усни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тројца музичари, на излогот, во сини, глинени африкански панталони со симболи на Земја и Сонце, свиреа нешто помеѓу блуз и џез и изгледаа мирни и задоволни врз купот шарени камчиња кои Пиратот ги собирал од најблиското речно корито.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Скалите веќе не допираа до тој ред, и изгледаше дека овојпат нема исход, излез нема никаков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но независно дали оди по леб или на гости кај чичко ѝ, таа секогаш беше дотерана, средена и изгледаше совршено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имаше мал дискретен сјај на усните и изгледаше прекрасно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше нешто неизменливо во секого од нив, Змејко не можеше да ги прифати, а сега чинеше сè само да ги ослободи од оние нивни мисли дека тој ги има, да не се чувствуваат купепи, и изгледаше дека успеал.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Светечкото око на ѕидот сега беше поинакво, поголемо и повеќе темно, некако за своја сметка загледано во далечините, а ловците се движеа со бавни чекори и изгледаа како луѓе што до крај на животот ќе душат пред себе со кучешки занес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекореа подвиткани и молчејќи, одвоени еден од друг и секој на своја врвица, најсув и најосамен од сите Борис Калпак, со долгоклуната Абердарка во рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Милиционерот се смешкаше, дедо, ми исто така, но беше малку поблед одошто е вообичаено и изгледаше многу уморен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- О, - направи стрикото и изгледаше како малку да се сневесели. – Јас пак мислев дека немаш балон...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Земјата ја израмнија и ја изгазија. Местото не се познаваше и изгледаше како долу да нема ништо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
МЕТОДИ: (Излегува. По малку се враќа и го пропушта пред себе Христов. Христов е сиот уплашен и изгледа сиот гровнат.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
А јас, ете онака, Петрович... шинелов, сукното... еве гледаш, насекаде на други места е сосема здраво, малку е правливо и изгледа како старо, но ново е, само ете, на едно место малку е онака... на грбот, а еве уште и на рамото, на едното рамо, малку се излити, а еве и на ова рамо малку – гледаш, и тоа е сѐ. Нема многу работа...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)