Напладне, во дванаесет часот, падна Лисец, а Киро, избиен и изрешетан, остана да лежи зад каменот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се вртиме околу него и гледаме: едното крило е здробено и расфрлено наоколу: опашот е преполовен и искривен како рог; предницата личи на железно буре без капак и изрешетено како решето; од внатрешната страна, над седиштето, кое сѐ уште мирисаше на запалени кожи и гума, светкаа неколку искршени тркалца од стакло и се гледаа стрелки на некакви часовници ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)