И како ќе голтнам така ќе ме жегне под скутината. Си мислам: сум голтнала мрава и мешам во маштеницата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Подигањето на чифлизите стана така што мајсторите и потковичаните (нив, на последниве, тоа посебно тешко им падна: покрај што беа катадневно ангажирани во градежните работи, кршеа и довезуваа камења, сечеа плитари, бичеа греди, газеа кал и мешаа малтер, мораше да се грижат уште и за исхраната на мајсторите, за полето и за домазлакот) најпрвин го одредија просторот на кој требаше да бидат подигнати идните чифлизи, потоа истиот тој простор од Имотот и од селото го издвоија со широки сокаци и високи камени ѕидови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вадеше црвена земја од ридот над куќата, фрлаше во неа малку плева останата од некогаш во шталата, тураше вода, и мешаше.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)