Да појдеш на извор
зад девет младости
и девет премрежја
да се напоиш и внесеш во него
бистер и озарен
да се вратиш при мене
и да ме гледаш
сѐ додека не протечеш дробно
по мојава планина
песу мој!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Игро мудра, само таква биди, разгрни се сета богато надарена, и секогаш во животот иди од несекидневноста чиста и озарена.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)