— Денес и комунистите го фаќаат крстот, вели Апостол Макаровски и пали нова цигара.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
До девет денови одев на гробишта и палев боринка, немаше свеќи, и нему и на другите за да имаат малку светлина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Седна до нас и палејќи цигара се насмевна кон Цанета.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја спореди со игрите на искрите над огнот кои треперливо, палаво се гасеа и палеа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој е насмевнат надмоќно, гледа првин во вратата зад која побегна Иван, па потоа кон собата на Неда. Вади цигара и пали.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
МИТРЕ: Митрејце, пљачки што има детево за земање, се му е готово? (Витка и пали цигара).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Војските, вели Мисајле Ковачот, не знам кои војски, вели, дали бугарски, дали српски, германски, арапски, француски, којзнае. Иделе некои големи војски, вели, бегале и краделе и палеле...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кога потсобра сили во гласот, додаде: „Остави ја сликата и пали ја колата”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)