Возовите
со живи луѓе во челуста
доаѓаат и поаѓаат хистерично
како страст потисната во меморијата
- таму кајшто нема случки
туку трауми.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Гаснете го огнот и поаѓаме! Излегувај!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Како? – се чуди баба му и поаѓа кон Мечето кое седи жално исфрлено во аголот.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Штом сме сите едно, да останеме едно. И поаѓаме тројца со две пушки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)