и (сврз.) - проговори (гл.)

Само што ги виде и проговори збор-два со Велета тој веднаш разбра кого го има пред себеси и неговото човечко, благородно срце се исполни со тага.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пелагија цело време клечи пред нејзината скутница, ја гледа право во очите и проговорува Добро си направила, мајко Росо, а и Атанас добро ги нанижал зборовите.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Доста веднаш ги заборави сите болки и страданија, ја подигна главата кон Митра, ја погледна в очи, ја развлече исушената уста и проговори: „ — Море — ми, живо било воа мечето, орлите да го мачат, колку ме измачи, да не остане, да даде господ!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)