и (сврз.) - слуша (гл.)

Некаде подзастануваш нешто да купиш, некаде просто зјапаш и слушаш испомешани дијалози, викања до небото, се втопуваш во средината, која толку многу внесува, та не чувствуваш дека си станал дел од неа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бабата не брзаше. Таа пиеше со епско спокојство, широко усмевната, и слушаше што расправаат мажите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Само стрпливо лежи и слушај сѐ што ќе речат лекарите.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„На стариот мој еден другар му кажуваше, а јас стоев до колата и слушав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Седни до мене и, долго и широко, раскажи ми прво за твоите впечатоци, потоа за впечатоците на сите други, што ме гледаа и слушаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вполноќи некаде, легнати на брегот, ја бакнуваат својата света почва во која ништо не догорува и слушаат како шкрипи на ветрот некоја подотворена врата, И замирисува некој исушен цвет во заклетвите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сите дванаесетмиа, појдовме тајно, како ноќни разбојници кон шумата, бедни, убедени дека ќе избегаме од очите на Оној кој гледа и слуша сѐ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој застана зад Филозофот и слушаше што говори. Во еден миг Филозофот го улови мојот поглед зад него и сфати дека некој стои одзади.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Седеа понастрана, на одарот, во полутемнината. Гледав и слушав.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ние со Ели љубопитно ги поткренавме главите и слушавме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во неделите наутро одел в црква и слушал нејасни попски песни а попладне спиел со некоја вдовица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Одите и фаќајте недолжници, зацимолел Симон Наконтик. - Јас овде ќе си ја чекам смртта, и слушал - пак дивиот петел си го разорувал грлото со крици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Избројав во сивилото единаесет орлишта и слушав со горчливост на тага во стомакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се поделиме на две групи. Едните ќе одат со Онисифор Мечкојад, другите со мене. Неколцина ќе останат околу селово на стража.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Будникот од дружината го прераскажал многу пошироко разговорот зашто гледал и слушал. Божем.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А ти не прашувај ме за молепствија - чумата ги коси и игумените и дијаците. Да.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И отишол со таков чекор како да ќе стапи во непомирлива војна со сите сомневања што со змиска мрзливост се влечеле околу живите и им розгале на соништата отров од кој и срцето се скаменувало. Секако.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дишете длабоко и слушајте ги, а при тоа размислувајте на нешто сосема друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веќе половина година е во Куманово. Се гледаме и слушаме често.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вечерта Патрокле се отпушта за спиење и слуша преку ѕидот, во соседниот кауш пискотници.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И слушаме: во градот има многу просјаци и има многу црни војници, со обетки на ушите и на носот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се мрцкаш и слушаш: - Јас ѝ велам јариче, таа ми вели кукурек, а јас ѝ велам потполошка и синоличка и перуника и божурика и змијско грозје, а таа ми вели: змија да те касне, здрав да не си!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
да извидиме кај се, да наслушаме што зборуваат, и ние одиме и врзуваме колчиња, за да ни веруваат, ама со нас имаше и еден Бугарин, ни го присливија, како нивни човек, ама тој страшлив, идеше до некаде и застана, јас, вели, не можам повеќе, не сакам со секој да се борам, вели, да не сакаш и душманот да ти го одбереме, велиме ние, и одиме, го помоливме да иди, и заминавме, а тој остана во нивјето, во калта и ние наближавме до теловите, до окопите, и слушаме зборување, ама ништо не разбираме, ни бегаат зборовите покрај уши, не знаеме дали се англиски или грчки,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И слушаме дека на Пелистер врне снег и дека од снегот не можат да го искачат топот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бегам и слушам: не правете ја голема, не газете си на родата, високо небо крај нема, за него е малку и да го убиеш и така.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седнувам и слушам некои шепоти однадвор. Нејасно, како да ти кркорат цревата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можете ли да доживеете поголемо разочарување, поголема несреќа од таа што ја гледате и слушате од устата на вашите браќа кои исто така со денови, со ноќи, со векови се подготвувале за бегство.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше голема и одлична креаторка. Сите многу ја почитуваа и слушаа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сѐ впиваше Бошко што гледаше и слушаше, ама никој не погодуваше дека од чаршијата тој скришум се измолкнува, и без никој да знае, оди на пазарот за робје.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Мама мија! - повторуваше докторот кревајќи на шишето и слушајќи го сè повнимателно Илка, кој со мака и прекини продолжуваше: - Пред смрт човек сите есапи си ги средува: што можел, што не можел, што успеал, што не успеал...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Ах, ах... - плачеше Методија. Илко го крена, го зеде подрака да го носи дома му и слушајќи го каде што издивнува, му рече на Богуле: - Го разбирам дека му е жал...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
ТОКМУ ВО ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето: – Ха-ха-ха-ха – се насмеа слатко прилепскиот кадија и ги погледа агаларите околу себе со извесна иронија на лицето, слушајќи го оној пред него да раскажува како во прилепската нахија имало раја непокорна на султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Само мајката на Чана не спие, таа сѐ следи и слуша.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Жената молчеше, беше згрчена во износен капут и тешко се држеше на нозе - беше болна или пијана, а тој ја гледаше, нејзе и офицерот, борејќи се за малку сила за да издржи додека тие не се оддалечат, за да продолжи кон осветлениот прозорец на крај на улицата, за да - за да живеам, мислеше и слушаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Полегнуваа житата и сѐ што ќе потераше потеруваше невесело и болно Ние лежевме прегрнувајќи ја земјата зашто само таа може да нѐ спаси И слушавме како кон нејзиното убаво време и по патиштата шетаат црквени ѕвона.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Седеа и читаа весници, разговараа и слушаа некоја музика на радио, потоа седеа покрај каминот и гледаа во жарта додека часовникот отчукуваше десет и триесет, па единаесет, па единаесет и триесет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Не зборувај и слушај! - викна очаблавениот командир на четата кој стоеше со широко поставени нозе во калта и со едната рака си ги триеше градите. Левата му остана на Кајмакчалан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Започнаа луѓето од лично полично да ги закопуваат умрените: на секој погреб свиреше музика; кога ќе писнеше таа, кога ќе зајачеше тажно, целото село излегуваше надвор: застануваа луѓето на плотовите, на чардаците, на портите и слушаа, слушаа олцкајќи и бришејќи ги очите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но Скрче, кој сето време седеше на вратата и слушаше, го фати и го запре да ја удри Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И слушајте, каква логика!!! Кој е виновен за загаденоста на Глобочица и Шпилје? Дрим е виновен!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Влатко гледаше и слушаше со стишен тон, зошто тато Петре имаше распослано материјали и ги разгледуваше мошне внимателно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А ако те пратам на прва линија! Расони се и слушај ја наредбата. Ме слушаш?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Наслушкува. И слуша нови грмежи и татнежи и тапо удирање на крвта во ушите, стегање во грлото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Петре му рече на Јолета: - Јоле, не мрдај од местото и слушај ме што ќе ти речам. Прави се дека не нѐ клаваш на умот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Пооди тој автобусот така што пооди и слушам тој агентот свика: „Стоп!“. Претрес и преглед ќе прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пелагија е седната крај масата, си ги има прекрстено рацете на мевот и слуша.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ушите ми свират и слушам: некој од некаде ме вика, некој од некаде ми се оѕвива. Постојано зборувам со некого, а немам јасна вистина за ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иде народот и слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се качува пламенот по смреките и дрвјата и слушаш како нешто постојано се урева во огнот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поодувам меѓу луѓето и слушам некои зборови и како познати и како непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само ги надавав ушите и слушав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Влегов во бараката и слушам замалено плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)