А кога на Адемовата колиба во Валот, каде Толе со стрика му Кулета ги пасеше Адемовите овци, дојде арамијата Чанак капидан со своите другари — шест души одбор момчиња — и зеде два брава за да го подмами Адема да го фати и уцени, Толе во своите десет дванаесет години се зачуди од храброста на овие луѓе што не се плашат од Турците, и виде дека некој и со нив можел да се бори и да ги тепа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)