И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Во тебе сиов рид со плодови и птици се преселил и цути врз рамената твои а очите се посини и од длабоково небо.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
На пример, исказот „Розите се црвени и цутат во пролет” има смисла затоа што соодветствува на една стварна состојба во светот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Личеше на гнездо на хоботници, исфрлајќи ги големите краци од меснато зеленило, лелеејќи се и цутејќи во таа куса пролет.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)