и (сврз.) - сешто (зам.)

Кални улици се спуштаа од станицата. Небото надурмено - росеше по малку и сешто морничавеше од обилна студена влага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа, нашите храмови не се како свадбени постели, затоа нашите сеќавања не се сеќавања на сѐ и сешто, туку на она кое не може да го прескокне ниту една историја: Не случајно се повикуваме на Орфеј, неслучајно се повикуваме на Троја и на нејзините јунаци од пајонската, македонска земја, неслучајно се повикуваме на Александар Македонски и на сето она кое произлегува од основниот морал на вистината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Инсектот мува, како и кодошот, валкано се лепи на сѐ и сешто, за да се прехрани, опстане, а човекот кодош, односно мушар пренесува факти и постапки на некого, го поткажува, поради различни причини, најмногу за пари.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во деновите кога не се одеше на кино, честопати во свежите летни вечери стуткана до мојата мајка, на малата дрвена клупа во градината покрај куќата, ги слушав нејзините муабети со вујните за сѐ и сешто.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Секој можеше да види дека тие се плашат од сѐ и сешто, а стравот е нешто што секој војник го почитува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Барабар учествуваше во приготвувањето на сѐ и сешто, само не во неговото трошење преку зимата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој беше готов да вети сѐ и сешто, да ги задоволи сите барања и желби на Рада, а потоа да го заврти листот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За разлика од неа, Америка е како некој голем казан во кој се крчка сѐ и сешто: и големи градови, и карпести планини, и длабоки кањони, и бескрајно долги брегови, и огромни шуми, и езера со големи водопади, и непрегледна прерија... а пак нејзиното небо е капак на сѐ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Петре Маљанов е сѐ и сешто во нашата црква што уште ја немаме, што се доправа. Останат е сирак уште од дете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сетне, ќе си поприкажев со домашарката- другарката за сѐ и сешто, за она што било и поминало.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На островецот, во поширокиот манастирски двор, крај патот и секаде каде што нашле погодно место, изнаредени се тезгиња на разни прематари каде што може да се купи сѐ и сешто;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Многу често патував; значи, секоја недела, т.е. 3 до 4 пати во месецот си муабетевме за сѐ и сешто, па дури и за младата му жена што еднаш ќе ја донесе да си се поднови зашто со своето стручно око оценил дека има парчиња што на жена му многу ќе ѝ одговараат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Зависи од тоа што сакаш да купиш, Барбут- бегуле. Познато ти е – продавам сѐ и сешто.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш сонцето, веќе на запад, се сцрве од лутина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Мара беше таква жена што не сакаше да ѝ се метка посредкуќи сѐ и сешто, а сега беше останата сама во селото подналутена зашто токму тој од едно цело село мажи да оди толку дена сам во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Духот ме крепи, Танаско, духот... Во црковните книги се вели: Духот е сѐ и сешто... Тој е над сѐ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Заминува на патувања по Англија, Африка и Јужна Америка, кадешто работи сѐ и сешто.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мајката Перса цврсто чекори како да има војнички чевли на нозете од мислата во неа која ѝ го шири срцето од храброста на мајката Роса што можела сама да ги води овие пет моми по патот на животот послан само со трње, од нејзината непрекидна борба со сѐ и сешто само тие да не ја почувствуваат горчината од отсуството на таткото!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А што друго можеше и да се очекува, освен да се освести од сопствените блујаници на затворскиот нужник за клечење, кога мртов пијан од бруцошка матежина на доточка и првоток се качил на маса во студентската менза и држел говор - за сѐ и сешто, од прадедо му знаменосец на Мечкина Дупка до дедо му роготрубач на Зајчев Рид, од вујко му рудар во Аргентина до стрико му говедар во Патагонија, ниеден од оваа власт слезена од планините, ниеден од неговото планинско село да е член барем во Управата на спелеолошкото друштво ако не во управата на филателистите. На Републикава, да ја ебам.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓутоа, доктор Миха беше не само по изречениот туку и по напишаниот збор - не беше само мераклија за муабети, за разговори во кои тој зборуваше повеќе од секој свој соговорник, заради што неговите колеги од работа злобно го озборуваа дека страда од логореја; не само да чита, од дневни и неделни весници преку стручни списанија до најнова убава литература, туку и да пишува (сѐ и сешто, ќе видиме што?), поради што скрупулозните критизери го нарекуваа скрибоман.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Улицата малку го збунува. Застанува, почнува да гледа наоколу, испитува сѐ и сешто и се дуе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Љ беше многу побожна и имаше дебел газ. Често одеше во црква да се моли за сѐ и сешто.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сѐ и сешто имаше на масичките во Гнездо: парчиња тули, фотографии, разгледници испишани со избледено мастило, пердуви од птици, ногарки од столчиња, навлаки за перници, парчиња од завеси, откинати џебови, копчиња, огледалца, камченца, изделкани парчиња дрво, врвки за чевли, ленти за шешири, пелени, монистра…, раце, нозе, трупови и глави од кукли, и по некоја цела кукла…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На некои масички предметите беа наредени со внимателност, понекогаш по строго определен ред, на други беа расфрлени, создавајќи хаос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не пикај ја во сѐ и сешто главата; не терај ни ифрити и горчини на сите нас, сепни се малку, позауми се, да се гордее твојот татко, да ми тече милина во душата, да знам зошто се мачам и зошто чинам сѐ да те одгледам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Стрико ми Ото многу знаеше: немаше област за која не беше добро поткован: социологија, литература, музика, архитектура, за сѐ: и навистина: знаеше сѐ и сешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потребно е да се каже дека значајниот човек начисто излажа: имаше време, тој со пријателот веќе одамна се изназборува за сѐ и сешто и веќе одамна разговорот го испресекуваа со многу долги молчења, лесно протресувајќи се еден другего по рамо и додавајќи: „Така ти е тоа, Иване Абрамович!“ – „Така, значи, Степан Варламович!“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога зборуваше, зборовите му беа толку интересни, толку многу проткаени со вистинска страст, остроумни, промислени, страшно духовити, поразителни за противниците, вдахновени за пријателите, премногу добро умееше да зборува за сѐ што воопшто би можеле да помислите дека ќе...! А тој сепак ќе го стореше тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ноќ – и сешто ѕвони... Крвта е изменета, Денот е засипнат, Очите трајат...
„Камена“ од Анте Поповски (1972)