2. Сликовно писмо
(глоса)
Чертами и рјазами чтах и гадах
еште се ште погани
од излез до залез
- колку што треба за да се одигра трагедија –
кружев како Земја-Змија-Змеј
околу-наоколу
замокот од симболи
зашто „треба светата да се искаже смисла
на вишите дела“,12 а не
приказни да се прикажуваат
зашто треба писмото да се протолкува
на таротот и кабалата,
на ји-ѓингот и магијата
на астрологијата и алхемијата
па да се стапне Духом
на Дискот рамен и совршен
на Етерот, Орфичкото јајце
Жолчката жешка, системот:
Едно е Сѐ – Сѐ е Едно.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Би било возбудливо да се гледа еквилибрирањето помеѓу науката и алхемијата, философијата и религијата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Тој се сети на зборовите како алгебра и алхемија, без да знае дека се арапски, а кои влегле во балканските јазици по литерарен пат, од интернационалната лексика, а не од турскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)