Ако знае човек да ѝ го заврти умот, ќе ја кандиса и за слеп сиромав, и за црн Ѓуптин да тргне; ако не знае, и бег да ѝ се врти, ќе го направи мат и маскара и не оди!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се почестија по една две ракии, се омезија и бегот напна да стане.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Македонија и понатаму остана во составот на Турската империја и стана поприште на крвави буни и востанија и на уште поотворена и поожешточена борба помеѓу странските пропаганди - од една страна и од друга на уште погруби самоволија на императорските власти и беговите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дедот Јована уште утрото го собраа заптиите во Витолиште, а откако дојде комисија и направи „ќеш“, над отепаниот онбашија, Ташко и војникот, го отераа во Прилеп, a оттаму во Диар Бекир, откаде не се врати да ја види главата од сина си Бојка, кој падна од потерата на истиов овој мулазим и бег од Витолиште по двегодишно кумитување.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Фазлибеј ќе пукнеше од јад кога разбра дека се свампирил Толе Паша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Братска слобода, таква слобода и држава, каде што луѓето ќе живеат братски, држава без кралеви, султани, паши, аги и бегови.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Валијата, судските иследници, полицајци, аги и бегови како да се вселиле во душите на овие клетници.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој сакал со разговорот да избега од она што видел и од она што му се јавувало како визија помеѓу распливнатите жолти очи и паднатите тешки кадри на косата. Суво збивтал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тој имал пушка, ја спечалил во тепаницата со бегот и беговите придружници.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Превивката преку окото на Арсо Арнаутче како да била грутка снег што ќе почне да се топи од топлината на огнот за да открие едно око што со неуништлива светлост ќе ги извлече озарени од мрак правдините и гревовите на светот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Впрочем, без оглед на состојбата во која се наоѓале, таа пролет била доба на секакви визии во чии магли можеби и бегот, стопанот на неколку воденици, ги претчувствувал патниците со двоколки под знамето на чумата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
– Туку, ајде доста – се обрна кон забитот и беговите – терајте ги во апсаната и само по еднаш леб и вода на ден – и се врати назад во својата канцеларија со Јунуса, Рифата и буљукбашијата да ги распраша понатака како ги совлада, како толку бргу, кој им помогна и друго.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А времето веќе се одмакна. Фатија Петрови пости, наближи и Петровден, та и беговите побараа дозвола да се вратат по чифлизите да ја соберат сеидбата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Само едно Мусо ги советуваше кадијата и беговите: да бидат крајно претпазливи, зашто се препредени овие планинци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)