и (сврз.) - вреќа (имн.)

Добичињата начулија уши, жените брзешкум бришат натежнати солзи, се прибираат, а тие кои се задолжени за добитокот, ги товараат, а другите стегнуваат ремење на рамо и половина за да се држат поцврсто сандаците и вреќите на нивните плеќи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Стој! Предводникот и стражарот разменуваат нишан и веднаш потоа жените одрамуваат сандаци и вреќи, растовараат добиток.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа ја ѕирна Кротка која преплашена се беше вовлекла меѓу сандаците и вреќите, претчувствувајќи ја опасноста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А кога почнале да товарат во запрегите торби, дисаги и вреќи од испосошиени ненужни крпишта, кога се видело дека на пат се носи пченкарно брашно, пресуво, преслабо и пресолено козјо месо, низи кромид, лук и пиперки, сирење, малку помеко од камен, изварка, сол, ракија, суви овошки и којзнае што, и другите освен старците знаеле дека сѐ е пресметано од порано - сиромаштијата не е без разум и кога е без леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Има и вреќа со грав“, рече детето додека ги стискаше палците за среќа, за да има и нешто детско во пакетот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не бил нем само Онисифор, тој, со лузната, туку и сите други заедно со жените и децата што помагале во запрегнувањето на добитокот во двоколките на кои ќе се донесат воденичките камења од Лесново, по нивна сметка пред да созреат црешите, пред лето значи, и луѓето редум ќе ги израстоварат на брегот на Давидица, секој својот товар пред своја воденица што жената или некој старец или роднина од Побожјане, од Бањанци, од Кучковица или од Мирковци ќе ја допокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До сандаците и вреќите, на ист начин како што ја остави синоќа, лежеше Кротка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)