Компирот, гравот и доматите ги нападна онаа жолта треска, самовилска коса на подземна јуда чии влакна спирално се обвиваат околу секакви стеблики и со свои шмукалки им ги цицаат соковите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ако погледам уште малку ќе ги видам и првите фиданки На таканаречената ботаничка глобализација Која најстрого пропишува краставиците да бидат прави И да не бидат подебели од осум сантиметри Ако сакаат да бидат пропуштени до трпезите на Европската унија Истата мака си ја имаат и доматите, празот и компирите На кои уште незасеани им се дава до знаење Дека во Европската унија сакаат само прави и мазни И кој им е виновен на кривите краставици
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Доколку битните политички фактори го сфатат ова и дозволат канабисот слободно да вирее по полињата на гевгелиско и струмичко заедно со пиперките и доматите, тоа ќе биде крај на мизеријата и невработеноста на оваа истоштена и депресивна земја. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 44
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Бавчите или, подобро кажано, плодовите порано обично ѝ будеа фрустрација, чувство на јаловост, но сега, кога и таа самата беше вклучена во тајната на обновувањето на родот, тиквите што раснеа и доматите што висеа како гроздови на ползавците, ѝ разбудија необично чувство на задоволство.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се сеќавам дека со учителката многу игравме, а кога се изморивме и седнавме да си јадеме, кога ја одвиткав крпата - моето јадење го видов сето здробено: јајцата, и домат, и лебот - Леле, си извикав и се расплакав...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Освен површините со пиперки и домати, имаше други со бланучки опојно миризливи и благи, а кога тие завршуваа се појавуваа јаболкца петровки што го немаа вкусот на бланучките, додека ѕарѕалините онака убаво пожолтени и со темни дамки од сончевата страна имаа уште поубав вкус и од бланучките, па сѐ до црешите, праските, грозјето.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се потсеќам на зборовите на пријателот, сепак со задоволство загризувајќи го богатиот сендвич со шунка и домати, додека околу мене уважените учесници на собирот „Литературата и општеството“ весело наздравуваат до следната средба. – Колега, јел видите ово јебозовно дупенце – ми се обраќа новосадскиот професор, експерт за културолошки дилеми, но јас веќе отсутен, ѕурам на друга страна, во девојката во црн фустан, што лебдее меѓу потните гости како ластовичка во белузлавата магла на летната квечерина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Големата река од едната страна на стопанството Острово толку многу се смали што дури и децата ја прегазуваа на најширокиот дел, а каналот оти постојано свртен кон пиперките и доматите речиси остана без вода од мовчето преку кое се влегува во населбата внатре па сѐ до спојот со реката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)