Да ја создаваш историјата, да станеш нејзин дел, пишуваше во воведените страници на својот ракопис, значи да се стремиш и кон величина и траење, односно да гледаш на времето повисоко!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Патуваш по границите рани, странични
на вселената – изведена смисла/свет
а таму душата лебди, бдее
бедеми бедни та раскошни
со плимата плиска
со осеката секне
секавично и ведно
гледаш и мижиш во длабините
и самиот длаб
на етерот бладање, сон на сенката
светилник на помрачението
блаженство во јадот
страст за питие
смрт и заборав
за лага и заблуда
за облик, опиум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ми ги знаат возбудите и заблудите, Болките во желудникот, реата, Ми ги знаат потресите и вознесите, Ми го знаат огнот и пареата Дреата со која ги нагазив, Мојот здив, кога во нив се преселив, Се вгездив и задомив.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Тој всушност сакаше да укаже токму на натрапниците во балканската историја! На нивните вознеси и заблуди, на илузиите и апсурдот. Колку погоре, толку потрагично.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)