Но, и покрај нејзината вродена бунтовност и инстинкт за самостојност, немаше сила да одолее на погледот и мекоста на неговите раце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кај него беше и тоа бунило, како што беше најсилно и сѐ друго, и машкоста, и инстинктот со најмалку напор од сите да изнајде нешто, со што ќе ја засити и својата глад, а и гладта на другите, со крвавите остатоци зад себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кукулино, пред тоа, преку ден, старо и истоштено пциште без живот и инстинкт да се одржи, сега е ѕвер што блуе од себе пламен и закана за набожниците.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)