Во меѓувреме ја добива Златната роза на Американската академија на уметност и книжевност. Burroughs е класик, џин на авангардната уметност кој смее да го гледа сопственото прогласување за светец.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но, половина век порано, 1771., истиот тој Гете со восхитување го беше открил постоењето на специфично германските уметност и книжевност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се чини толку се отуѓивме едни од други
што сѐ почна да нѐ дели:
и идеологијата, и религијата, и книжевноста...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Земанек ја убедуваше дека е возможно и уште ѝ објаснуваше дека јас таа вечер сум ги довел девојките до ситуација да пукнат од смеење, оти сум ја споил таа акробатска способност со мојата смисла за хумор и книжевност, па сум играл една епизода од Декамерон на Бокачо, во која наивниот и глупав сопруг никако не може да се качи на скалата од таванот, за да ја фати својата жена Петрунела како со својот љубовник води љубов; а не може да ги фати, затоа што не ја потпрел скалата на ништо, па штом се качи, се занишува и веднаш стрчнува надоле, од другата страна на скалата, за да не падне.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)