Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- А колачињата? Каде ви се колачињата? Охо-хо! - И колачиња има!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
По една недела, баба меси бел леб и колачиња, свари требена пченица и, уште од вечерта, запали свеќа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)