Преполно е со гробишта, со омраза и недоверба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Стравот и недовербата биле толку големи што бил доволен и најмал повод населението веднаш да се повлече во своите домови, сообраќајот сосем да престане и делумно отворената чаршија да се затвори.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Таа ме гледаше со извесна доза на неприемчивост и недоверба.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)