и (сврз.) - океан (имн.)

Имаше бродови што пловеа по сите мориња и океани.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Имало скоро триста такви дубровнички бродови кои пловеле по Медитеранот и океанот, пренесувајќи ја трговската стока од бреговите на Мала Азија и Африка до фландриските и британските брегови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дневната светлина криеше опасности, отсекогаш било така, секогаш и ќе биде; но ноќе, ах, ноќе, едреше над островите од облаци и океаните на летното небо. Без никаква опасност. 7
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сега е времето кога туните во јата минуваат крај Сиди Сауд, на педесетина километри од Тунис...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигурно ќе дојде до прекин на патот на јагулите - за да се изгради некаква балканска варијанта на Беломорскиот канал, со прилагодување на реката - на тој подвижен воден мост на јагулите, помеѓу Езерото и океанот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Макар што бев силно внесен во лектирата за миграциските движења на птиците, рибите, посебно јагулите, миграцијата на туната низ морињата и океаните на светот, ми беше помалку позната, а за ловот матанѕа слушав за првпат. Се согласив да појдам на овој лов...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги слушаше ветерот и океанот и мојот глас, секогаш со восхитено внимание, со концентрација што скоро ги исклучуваше самите физички тела и ги задржуваше само звуците. Ги затвораше очите за да слуша.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)