и (сврз.) - организација (имн.)

Постоеја дури и организации, како што е Јуниорската антисекс лига, кои се залагаа за целосен целибат на двата пола.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Треба да се спомне и дека ЗВРС воведе и обврска за органите и организациите во РМ да обезбедат заштита на личните податоци на странците (чл. 32). 118 Прекршочни одредби Законот од 2007 година предвиде нови основи за изрекување прекршочни санкции.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
70. Ако не се лажам, Комитетот и Организацијата очекуваа помош не од Русија, а од Бугарија, зашто во Македонија, според разбирањата нивни и на Егзархијата бугарска, живеат Бугари. Руси таму нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така Бугарин присвоено од комитетите и Организацијата за Македонските Словени, и соединувањето на нашите интереси со интересите на Бугарија во агитацијата на комитетите кај Бугарите, беа причина сета македонска работа да ѝ се припише од Европа на Бугарија и на Бугарите како бугарска надворешна појава да не се поддржува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
4.1. Теорија за персонален конструкт: Никелска тура Теоријата за персонален конструкт, како што е формулирана од Kelly (1955, 1970) и елаборирана од Adams-Webber (1979) во суштина е конструктивистички модел на човечките процеси на репрезентација и организација на когнитивните функции.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)