Она што постоело на земјата како хиерархија го зел за урнек на небото и прогласил разни ангели, светци, херувими... И по урнекот на земјата: создал рај и пекол...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
5 Спиев ли? Најпрвин и првпат тогаш видов дел од јавач на коњ на манастирскиот ѕид, око, рака до лакот со дршка од недовршено копје во грч на жолти прсти и копито врз дамка на нешто што било иконописечки настан, имало историја на грев и пекол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веќе не смеев да го минувам ридот и да го газам потокот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)