и (сврз.) - посредување (имн.)

Но, само по неколку месеци, со втората измена – од декември истата 2008 година, се предвиде дека, во оваа ситуација, на работодавач кој е правно лице, ќе му се изрече глоба во износ од 15.000 ЕУР (чл. 8, ЗИДЗРО/дек.08); •  за прв пат е воведен и нов член, 266-а, кој предвидува дека – ако трудовиот инспектор утврди дека е сторен некој од наброените прекршоци, должен е на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување и посредување, согласно со Законот за прекршоците (2006) – чл. 29, ЗИДЗРО/авг.08.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Впрочем никогаш не се чита директно. Знам дека секогаш се чита од шеми и посредувања, значи ни јас не заповедам мене да ме читаат со некакви пренесувања во интуитивни екстази, но барам да се биде повнимателен при посредувањата, покритичен при преведувањата и при заобиколните контексти кои често се мошне оддалечени од моите. 60 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Земјо, мислеле, разбуди се од допирот на нашето страдање, смекни, стопли се и дај ни топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)