Пред влезот на секое гратче се наоѓаше неизбежната бензинска станица, со црвени, сини или жолти пумпи, а можеби и мотел, а потоа доаѓаше самото гратче, со продавници на двете страни од патот, а можеби и сива стара црква изградена многу одамна, и по неа следува, сега анахронично бочно припиени со челик што не ’ргосува, ресторан и продавница за автоделови.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Всушност, она што денес тука се гледа, големиот плоштад со старовременски дуќани и продавници, и други зданија, беше уништено до темел: ништо друго не можело да се види освен пеплишта, расфрлени железа, купишта малтер, здробени тули.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беше близу дваесет часот и продавниците за алкохол во кои одеа проловите ( ги нарекуваа „ пабови“ ) беа преполни со муштерии.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)