„Не знам дали сака и колку е спремен да се бави и понатаму со проблеми од животов“, ѝ реков и побрзав да го засолнам погледот, да станам дел од божемната натажена отсутност и на другите присутни; дури и рамениците ги поткренав, како да се чудам зошто немам јасен одговор и на најобичните прашања што за жал сѐ повеќе се множат, се множат.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Вратата се отвори со тресок. Младиот офицер влезе и застана настрана, а зад него се појави еден кус набиен стражар, со огромни раце и раменици.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Арно ама, секој од нас има бујна и млада невеста, чиишто плеќи и раменици се свикнати на тежок товар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Лесно му било да го каже тоа, зашто потајно ја мразел својата млада жена и сакал да ја симне од врат за да може на нејзино место да донесе една млада Гркинка со руса коса.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)