Ама се досети, па рече:
„Идејќи наваму, бегу, видов на полето Турци-аргати, и рисјани кулукчари.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А ти ни беше единствениот учен адвокат, со диплома дури од Цариград, кај кој си наоѓавме дерман во небиднина, сите и рисјани и муслимани.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
ПОЦКО: А, колај работа за тоа, адет е овде. Ама ќе речеш Цигани сме, е, туку и рисјани сме, жими Ристос!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ти велам, колај работа! Го уловив ли јас него, не го испуштам од раце, па волкави заби да има!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Таа ме погледна изненадено: – Ние, сине, си палевме свеќи во цркви и во џамии одевме. И рисјани доаѓаа во нив!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И рисјани и Турци го знаеја тоа и се плашеа, дури и да сретнат таква дивеч, а камоли да кренат пушка на неа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)