и (сврз.) - суша (имн.)

Работава не напредува, си мислам, не само по вина на природата, зар може да биде вина тоа што е лето и што е земјата сува и горка, та тоа си е нормално, лето е и суша и тврдо е камен, а тоа е и предноста на еден ископан бунар, предност на бунар ископан во најголема суша, тоа значи дека во иднина ќе има вода во секоја сезона.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На тие штички, тој род си ги запишувал родословијата, своите песни, приказни и слова за собитија вистинити и чудесни, истории за видни мажи, за подвизници, појава на опашести ѕвезди, големи потопи и поместувања на земјата, големи жетви и суши и уште многу важни собитија за еден род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги видовме помориите и сушите, чумите и болештините, пожарите и скакулците.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„И се 'затвори небото' и дожд не заврна и суша фати и глад и зло секое до разнебитие…
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Личеше на тутенка - доцна расцветана, сред просторната јурија, спржена од жега и суша...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жештината и сушата не ја забележуваа само децата. Особено Дончо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)