Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но, Дишан оди многу подалеку, бидејќи предвидувајќи ги различните субјективни реакции на набљудувачот како соучесник и творец на уметничко дело, тој ја задржува контролата, па дури го искористува самиот набљудувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И конечно, третата ја крши самиот снимател, односно режисерот, кој не го прекинува бележењето на овој настан ниту се меша во него иако далеку се надминати зададените рамки, и со тоа дозволува еден неморален чин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во оваа секвенца, условно рече но, играниот филм се претвора во документарен, и како таков се оттргнува од контролата на протагонистите и творците.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)