и (сврз.) - тревка (имн.)

Му редеше секакви билки и тревки на раните: и варен слануток, и семе од лен, жилавец, копрец, чочорка, богоројчина трева, печен белток од јајце, мевлен од восок и темјан, и настојуваше што побргу да му ги оздрави раните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кошулата со илјадници бубачки и тревки ја понел со себе, огништата што ги палел есени по ливадите обраснале како никогаш и ништо да не било: - сега таму, најбрзо од сè расте заборавот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Имаше два дрвени обрача и многуте видови цвеќиња и тревки ги врзуваше за обрачот а потоа ги сушеше под сенка. Таа не ме караше кога ја гледав што прави.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)