и (сврз.) - удар (имн.)

Затоа со „салви од истрели и удари на кундак ‘масата’ мора да се врати на местото што ѝ припаѓа; ‘народот’, напротив, се приведува кон една за властодржецот / расата / нацијата потребна единица” (Канети).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
1.30 Одат Primal Scream и “Loaded” и јас се губам во одекнувањето. Се ширам, горам, пламнувам во просторот помеѓу дисторзијата и ударите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Разговараме долго додека тој обилно се поти и ми раскажува сѐ за неговиот живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И ударот дојде: „Што има помеѓу вас и Јана?“ Лицето на Отец Симеон се затегна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Јачеше. Крцкањето на сувиот ’рбет на колата и ударите на излижаните поткови останаа да се вртат в круг уште само во неговата свест.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Слушав како чекори по нас и во тесната уличка, ги слушав нејзините чекори и ударите на стапот на кој се потпираше; гледав во чекорите на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од другите соби до нас допираа врисоци, ревења, плачења и смеа, ѕвечења, чкрипења и удари.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тишината беше таква реткост што копнеевме по неа, и во миговите кога настапуваше можеби без размислување молкнувавме, престанувавме со говор не затоа што свесно сакавме да ја доживееме тишината, туку говорот ни се земаше како кога се случува чудо. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Звукот на нејзините чекори запре, неговите чекори продолжија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)