Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Сепак, колку и да настојуваат луѓето да го напуштат метрото побрзо, без него не можат да живеат луѓето во Париз, секој ден или секоја недела, по еднаш или повеќе пати патуваат низ неговите галерии и ходници за да дојдат дома, да појдат кај пријател или да одат на прошетка...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Станав јас тогаш, го притиснав тоа едно копче што му е на располагање на претседателот и почнаа сирените да завиваат низ кабинетите, канцелариите и ходниците на Парламентот, на владата и на сите нивни институции.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Од празните болнички соби и ходниците во кои владее длабока, мртва тишина што ја поматува само тивкото крцкање на подгниените прозорци со испокршени стакла и врати, бие огромна осама која предизвикува измачувачки немир и чувство на болка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ќе стивне и вревата во училниците и ходникот што често нервираше...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)