и (сврз.) - бесен (прид.)

Тој град Куманово у то време беше п`лн сас прашина, комарци, Турци и бесни кучиња.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ама, токму по оној настан во манастирот Нерези, кога него го водеше не неговиот ум, туку некоја друга сила инаетчиска и бесна, тој небаре престана да врти на празен чекрек.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Татко ми предложи да ја купиме средната, затоа што е поефтина, и затоа што за неа имал пари; но јас, гневен и бесен, побарав тоа да биде најмалата и уште го убедував дека таа е најубава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Полека, како да си починува пред да го завлече ножот помеѓу кожата и месото на животното, Онисифор Мечкојад запцул куќа и ораница, колепка и гроб, снаа и балдаза, земја и небо, додека и оној со факелот в раце отстапувал назадечки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сам и бесен, со згрчени прсти во густата топлина на утробата, барал што не споменал уште во своите пцости и споменувал одново, по еден друг ред, од небо и земја до ораница и куќа, и сѐ така во непрекинат круг.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа луѓето, настрвени и бесни, се нафрлија и врз златната петокатница.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зошто ли толку нездржлив, ужасен, страшен и бесен гнев се посеа над Преспа?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)