и (сврз.) - гол (прид.)

Кога си одеа дома боси и голи, тие се заветуваа дека нема да го заборават доброто што ги излекувал свети Димитрија и секоја година идеа на денот да му благодарат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога ќе им речам на моите кои шетаат надвор, среде бел ден на сретсело да ти удрат едно дваесетина стапови по голи плеќи и гол гас, тогаш ќе научиш и цел живот ќе памтиш и на другите ќе им кажуваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во собата над дуќанот на г. Черингтон, кога имаа време да се најдат таму, Џулија и Винстон лежеа еден покрај друг врз креветот без чаршафи, под отворениот прозорец и голи поради горештината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше толку изнервиран што ја слече топлата волнена блуза, ја фрли, и гол, само во маица, стоеше на сред студената соба и викаше со висок глас, речиси фалсет. Беше ужасно!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Отец Симеон беше морепловец - бос и гол до појас, во тесни платнени панталони завиткани до коленици.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еве, и суетата спласна, па стојам пред тебе и гол сум регрут додека чекам - дали е слободно уште она место на градилиштето за кое ми говореше?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некогаш тука имаше едни млаки Една воденица зад млаките висока бреза среде гробиштата птици што разговараа со неа на нејзиното наречје перачка на јазот со црвени коленици и голи дојки сонцето што ја поземаше за раце и ја вглобуваше нејзината сенка врз ѕидовите и вратите на домовите како живо писмо до сѐ што ќе се плоди низ иднината...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога се покажав на вратата од дневната соба, ја здогледав Гала седната на тапацираното столче пред големото тоалетно огледало, со двете раце кренати над глава бидејќи очигледно си ја дотеруваше фризурата, широките ракави од бањарката паднати до над лактите, со нозете пред неа расчекорени и голи, задникот ширнат по тоа тапацираното столче како предојдено тесто, косата развеана преку рамената и по плеќите. Сигурно се готвеше за излегување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Вистината беше проста и гола како нож: неговите раце не беа способни за битка и предавнички се тресеа, беа престарени.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ја поткренав малку главата и видов од колата едноличност – невисоки ридишта во далечина што личеа на џиновски желки, жолти и голи, без сенки под себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И потаму спрегнати со колата, Пишпирик и Барбут –бег продолжуваа да се веселат: Што ќе биде секој ден нека слушне: Мортенија среќна ќе не гушне: Ќе ни рече: во преграб ве земам, Ваков рудар јас до денес немав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
12. ТЕ ФАТИ ЛИ ЛОШ ЧОВЕК ЗА ПОЛА - ти сечи ја, остај му ја в рака, макар потоа да останеш и гола бар не ќе си за таква врата квака...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Измитарената љубов помеѓу човекот- ѕвер и мечката- жена, според преданијата на селаните од тој крај, почнала во времето кога најугледните родилки од Кукулино се триеле голи една од друга со извици Роди, земјо, и голи се тркалале по нивите да роди земјата како што раѓале и тие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Игуменијата исцибрела од сеќавања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наутро прва стануваше секако ситната Митра, погледнуваше во аголот лево од вратата и голиот грб и големата гола глава ја смируваа дека Дончо сепак се вратил на спиење, па излегуваше да мети пред одајката и да донесе пресна вода за пиење во две стомни оти едната ќе ја потроши Чана, замивајќи си го големото лице и плискајќи се под машките мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
7. Минувајќи еднаш (којзнае зошто, веројатно за ништо) по старите улички, Грдан се сети како чекорот му подзапира крај една ограда што му се стори позната: висока телена мрежа, уште повисока жива ограда, наместа не само оштрбена туку и поткопана, како под неа да се провирале зајаци, зад неа голем двор, изгазен и гол, со ретки стари дрвја и сосема во дното долго трошно здание, со препознатливата нечисто жолта фасада на државна установа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И пак, освен воденицата само камен и гола неплодна земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Виде лепливи, млечнобели дланки на полуголи и голи мадони, набабрени дојки од модро млеко, глиненоокерни, сиви, лигави скитници, колари, просјаци, снобови со гладни челусти, гладни грла, гладни очи, и беспризорни, и безработници, и провалници.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие таму со денови, со недели беа под голо небо и гола земја.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
4. Наведната врз земјата Сончогледите го слушаат напевот на црната боја И темнеат усамени и голи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Ноќта е црна постава на денот што се превртува како маскарада Таа е темната утроба на гласот што низ сите ѕвезди везе молчење Најмногу ги сака постелите кревки сред шумниот мирис на боровите Интимна е тогаш и гола како страст што низ смеа мами вечна тишина Па ако тлее нешто живо во неа ќе пеам што мртво не е уште сѐ
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)