и (сврз.) - добродушен (прид.)

Во сефардскиот печат, дури и во умерениот „Ел Тиемпо” го напаѓаа за неумерено покачување на рабинската плата, а уредникот Јицак Давид Флорентин, еден од угледните личности на Солун што ги запозна уште при првата посета на градот, дури без стегање напиша еден текст од секташки позиции: изворот на арогантноста - ѝ поминува низ мислите текстот што најмногу ги здоболе и Цви и неа - е ашкенаското потекло на главниот рабин; таму, според тој луд Флорентин, лежи причината за тешкиот, автократски и нееластичен карактер на главниот рабин, додека без срам потаму пишува дека „ние Сефардите сме луѓе со слатка, флексибилна и добродушна расположба”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мирче, онаков мирен и добродушен, па уште и кога го чу гласот на деда Бошка, веднаш им отвори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одново погледнувам на таблата, одново дослушнувам тивок збор на поздрав и збогување што тивко провејува по улиците, кафеаните, ресторанчињата и пазарот и желно, многу желно посакувам од југот тука постојано да дуваат само добри, топли и добродушни ветрови за да имаат луѓето помирен сон и окрилени со надеж да дочекуваат поведри зори...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Цви веќе цврсто ги држеше уздите на власта, а таа силна запрега тој ја тераше во ризичен трк, опиен од слободата што, за разлика од Жешов, Виена и Берлин, тука широко му ги отвораше своите простори...  Таа знаеше дека дел од критиките се точни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дико се направи скромен и добродушен: - Мене ништо не ми должиш, - му рече тој на кутриот вчудоневиден Бошка. – Јас не те послушав тебе, туку срцето си го послушав. Ете.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)