Додека ороспиите се со освојувачки страсти, сакаат да владеат со просторот и времето што им се нуди на располагање, робовите тоа им го препуштаат на своите стопани, а нивните желби завршуваат со релизирањето на задачите што треба животот на господарите да им го направи удобен и забавен.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ландер, кој е Канаѓанец и кој се опишува себеси како „недокториран докторанд“ што живее во Лос Ангелес, има да каже разни занимливи и забавни работи за прашањето зошто таквите луѓе ги привлекува иронијата, зошто иронијата има толку значајно место меѓу работите што ги сакаат белците.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ја напишал „кландер“ (Кристијан Ландер), основачот на страницата, а во неа се изнесува извесен хипстерски поглед на белците хипстери.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Признавајќи ја љубовта на стрејт-хипстерите кон таквите чудни културни облици и практики, а истовремено одбивајќи да ја изрази таа љубов, освен на гротескен и преувеличен начин, да не би случајно некому му паднало на ум нешто погрешно, стрејтерската хипстерска иронија им одржува и зацврстува (иако од преголемо фраерство не се расфрла со неа) дистанцирана и незасегната положба на хипстерите – односно положба на релативна општествена повластеност.418
Поентава делотворно и нагледно се нагласува во еден ред од еден ироничен напис за иронијата, со датум од 3 февруари, 2008 година, објавен на страницата на интернет наречена Работи што ги сакаат белците (Stuff White People Like), а сега објавен во една многу продавана книга со истиот наслов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Го пречекавме со срдечно добредојде; оти тој човек колку што беше достоен за презир, барем половина од тоа беше и забавен, а освен тоа и со години го немавме видено.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Најречовита и најсамосвесна забелешка, би рекол, му е следнава: „Но, причината поради која белците ја сакаат иронијата е што таа им овозможува да се си се позабавуваат и да им биде подобро во сопствената кожа“.419
Таквата иронија им овозможува на успешните шизички стрејт-белци, вклучително и на Ландер, да се справат со срамот поради тоа што се повластени и белци дистанцирајќи се од културата во која веќе спаѓаат, тешејќи се со можноста дека не се докрај вмешани во неа, ставајќи се над неа и надвор од неа благодарение на тоа што имаат критички поглед, како и преку идентификување со маргинализираните луѓе, што им овозможува и понатаму да си учествуваат во неа со почиста совест.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)