и (сврз.) - индустриски (прид.)

Во шумниот и индустриски Штутгард, центарот на Виртенбершката покраина, слегоа заедно до Грците и Турците, и многумина југословенски патници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во феудалните и индустриските периоди мнозинската демократија обично била либерална контракултурална сила во одбрана на индивидуата од кралската тиранија и класното ропство.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога дојде тука, на крајот од минатата година, неговата влада веќе ги беше донела подготвителните прописи: значи, на 14 јули 1941 година го обезбеди Законот за еднократен данок на еврејските имоти што Константин З. го сметаше за добар пропис зашто само во Скопје им донесе богатство од 45 милиони лева, за жал еднократен прилив; потоа на 4 октомври Законот за забрана на вршење трговска и индустриска дејност на Евреите што не донесе ништо; на 1 ноември со најтешкиот пропис, Законот за заштита на нацијата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во раните години на електронско-информатичкиот стадиум (1950-1990), способноста на религиозно-индустриско-воените водачи да манипулираат со телевизијата ја претворија граѓанската демократија во мнозински, првостепен тоталитаризам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)