Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Благуна и Десимир потоа неколку пати се сретнаа долу, зад копите во ограѓето, а тоа не остана незабележително од жителите на Потковицата и врз Благуна падна тешка клевета - дека таа, оној пат, ги предала и дека сѐ уште ги предава луѓето од Организацијата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од тие неколку невини и копнежливи љубовни погледи, додека мајката, кинејќи го со заби конецот го крпеше Десимира, се изроди сета идна несреќа на чупата и на сиот сој Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)