Тие пред секои избори ја подновуваа старата еднокатна зграда на началството: темножолто однадвор, светложолто однатре, демек фасадата и канцалариите, бело по таваните и модро по ѕидовите до каде што допираа грбовите на граѓаните во чекањето пред шалтерите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се подаваат црвени, жолти и модри пламени јазици, олкави плазила вака.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Останаа уште лист-два. Легнав да спијам, но полната месечина и модрата светлина ме вознемируваа.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Улица, дожд. Бол во рамото. Во далечина - нејзиниот прозорец без светлост, а јас сакав да видам млечен квадрат и модра силуета во него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
ќе бараш наслови за следните книги
Бесови песни, Лажна смрт, Плодни денови
поетите ќе ги распознаваш по интонацијата
а времињата и приликите според употребата
на заповедниот начин
карфиолот и модрите патлиџани ќе ги готвиш
без рецепти, така што да побудуваат носталгија
по домашно огниште и другите туѓи именки
сеедно по којпат, сега чекаш
- чекањето по дефиниција е бесконечно -
можноста да напишеш песна лебди во собата
како можност за љубов, како самовила
цела како јајце, како гром, како Господ цела
челото го збрчкуваш
пред карстната перспектива на иднината
и ги трошиш последните резерви надеж
- тебе речиси непотребни.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Неговото лице сега беше црвено од потта и на места лилаво и модро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)