и (сврз.) - навреден (прид.)

Дамче се почувствува и понижен и навреден. И веднаш во неговото срце шибна омраза спрема него, спрема сите од Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Швајн, Швајн...“ Војникот беше пијан и навреден.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Елена ги виде уште кога дојдоа, но се пикна во плевната, ја затвори вратата, легна врз сеното и го зеде дневникот в раце. Беше лута и навредена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И покрај сѐ, осеќам дека уште сме приврзани од заедничката судбина на победени и навредени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Николче му се закани: - Ќе видиш ти кој е кокошкар! – и навреден почна да се разоружува.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Но тој веќе лежеше, понижен и навреден, на грб.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)