и (сврз.) - намуртен (прид.)

Миклош пак, божем сериозен и намуртен, цацкаше со јазикот: „Иген“. А некогаш клатеше одречно и со главата: „Нем, нем“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мразите да позирате. Пред објективот вперен во вас како пиштол имате сериозно, по малку мрачно и намуртено лице.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Едниот шишкав, црномурест и намуртен, другиот мршав, русикав и само си ја преџвака насмевката на усните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)