Во таа слика бели се насмевките, нежни и невини, бели се душите топли и пријатни како летен дожд.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
4. ШТО САКА НЕКА БИДЕ, ТОЈ Е УЧЕН ДА ТРПИ - и невин, од виновните на срамен столб качен, од честа испокината сурат циркуски ќе скрпи, па другите засмевајќи ги, самиот ќе плаче...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Бели се облаците кои го следат патот на мојата судбина, бели се копнежите, бела е бојата на невиноста, бела е бојата на мојот сон.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се чувствувам како да сум на свој закоп: стојам на мартовски ветар меѓу црни, лелеави чемпреси и невини, чиниш ни со рака недопрени споменици и со изморени очи се простувам со себеси в ковчег.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Што ви скривиле овие кревки и невини душички?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Стана една мешаница, а праведниот и невиниот секогаш страда.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)