и (сврз.) - нелогичен (прид.)

Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На тој начин времето е направено хомогено така што спротивставените, непомирливи и често противречни и нелогични дневни нарации и искуства на поединците и колективите одново се ре-презентираат како видови, состојки и степени - или со хегелијанскиот јазик, како „моменти” - на обединетата нарација на нацијата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ова засрамувачко и нелогично решение Судот го донесе со мнозинство гласови на судиите, во состав: д-р Трендафил Ивановски (претседател кој подоцна беше „лустриран“), д-р Наташа Габер – Дамјановска, д-р Зоран Сулејманов, д-р Гзиме Старова, Игор Спировски, Лилјана Ингилизова – Ристова, Исмаил Дарлишта, Вера Маркова и Бранко Наумовски (кој подоцна стана претседател на Судот).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уставниот суд прво реши да поведе постапка (в. Решение на Уст. суд, У.бр. 155/2008-0-0 од 20.XI.2008), но по неколку месеци истата беше запрена со штуро и правно неиздржано образложение (в. Решение на УС, у.бр. 155/2008 од 14.I.2009).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Маргина 37 29 Гордана Внук ПОСТ-ПОРН МОДЕРНИСТКИ ЖЕНСКИ ПРИСТАП КОН ТЕЛОТО КАКО МАТЕРИЈАЛ ЗА ТВОРЕШТВО
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За разлика од движењето на „модерните примитивци“ во коешто главно машките членови преку радикални и нелогични гестови со кои го модифицираат сопственото тело (тетовирање, прободување, саморанување) укажуваат на телото како на последно прибежиште во коешто единката сѐ уште има моќ, тн. „женски“ перформанс, во анализите на феминистичката критика, ја користи присутноста на женското тело со кое манипулира жената- автор (досегашниот објект станува субјект) за да ги преиспита односите на моќ во репрезентацијата на женската сексуалност, разоткривајќи ги симболичките основи врз коишто почива начинот на гледање во „машкиот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)