и (сврз.) - посрамен (прид.)

И ме разоткри, а кога притрчаа и другите две девојки за да побараат дозвола за сладолед, на овие од „пекарата“ им преседна муабетот, а беа и посрамени затоа што го препознаа јазикот на кој разговарав со децата и им беше јасно дека Германката - јас, сè ги разбрала, и дека оној најдобриот меѓу нив во одредени активности залудно си се проектирал некаде таму далеку со неа во Дизелдорф.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А Бошко продолжи кон дома заумен и посрамен.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Толку заумен и посрамен, што не му ни текна да се одбрани, да рече дека така морал, како што им велеше на другите луѓе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)