Според дедовото кажување, семејната меморија за границата почнуваше уште од времето кога се разделија Западното од Источното Царство, Римското и Византиското, кога се означи првата гранична линија меѓу предците католици и православните.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Русија е словенска и православна држава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во теолошките науки се јавиле разлики помеѓу католиците и православните христијани.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нѐ чинат стопати повеќе: 1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров. 2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” на нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако е така, тогаш што може да направи за нас Русија, кога во македонските работи се забркани неколку словенски и православни народи?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Преку ноќ биле обесени црниот просјак и крадец Циганот Рамо и православниот арамија Невенко од кого пропиштело сѐ живо, некрстено и крстено.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Две бесилки на крај град, недалеку од патот што течел кон Кукулино, ги ванѓелосале луѓето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во тој свет на маалото имаше населено, пред војната и по војната, луѓе од сите страни на Балканот, но и надвор од него: Македонци, Албанци, меѓу нив муслимани, католици и православни, познати како Шкрети, Турци, Срби, Ерменци, Грци, Бугари, Власи, Хрвати, Босанци, Роми, дури по некое руско семејство и други, сите поврзани со заедничката грижа на опстанокот на семејствата, како да ги нахранат децата во гладните времиња, принудени во едно време да чуваат кози, да се здружат со козите на козарите, повикани од режимот од планинските села, да станат работничка класа, но набргу козите од други причини им беа одземени од козарите и ликвидирани, а козарите не станаа никогаш работничка класа каква што ја замислуваа архитектите на новото комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)