За него тоа не беше тешко, зашто знаеше како да се постави, беше решителен и продорен.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Каков говор птичји, елиптичен
и продорен пролог во недовршена Реч
двојба во којашто прогледува стравот:
трска ли е, змија ли е?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во шумолењето на капките неочекувано се вплете и продорен крик на жерави.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Натажениот и продорен поглед на двете жени се сретна некаде во средината меѓу нив.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дотогаш намовнатите дремливи мисли се апеа под неговото теме во врела темница; нивното долго и продорно пиштење избиваше во остри бликови низ ушите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)