Во блиска иднина луѓето нема да страдаат од шизофренија; ќе бидат шизофрени (ако и тогаш) кога ќе имаат желба за тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Би пиел и алкохол, но направив грешка и отидов на лекар кој го забранува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Животот се менува. Еден од начините на кој се обидувам да го променам својот живот е да се ослободам од своите желби за да не бидам глув и слеп кон светот околу себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Децата од Варош-маало играа на полјанката клис, бишка, и слепа баба, како и други игри.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но, ќе дојдеме до вистината за себе и ќе ја видиме вистината за светот и вистинското сознание за темелот на суштествувањето со неутрализирање на сопствените слабости и слепи нагонски сили, егоистичките тежнеења, побудите, рѓата, безумноста, импулсите на гревот и заслепеноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Мајчината претпазливост беше остарена и слепа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ние, луѓето, покажуваме сѐ само кога знаеме дека никој не нѐ гледа; од таму доаѓа филозофијата на студената страст, на помиреноста со светот без очи и слепата судбина, стратегија која редовно вродува со невиден, чудесен плод кај публиката.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој не ја знаел темната јадосаност на Куно Бунгур и неговата вера дека соништата на ноќта што доаѓала се само негови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- И слепо и чкулаво подава рака по змиско јаболко, се лутел Симон Наконтик како осамен светец на семожни гревови позамрсени и од волчи црева, всушност повеќе исплашен отколку величествен набожник зашто го потресол крик на див петел од лесковата шума на селото, предупредување на смртта што брза кон такви каков што бил тој, за кого женското милување претскажувало почеток на пропаѓањето на светот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лицето, глуво и слепо, му останало отсутно за извикот на болниот, за неговата премаленост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но игуменијата не била руменолика девојка да ѝ се радува и да се кити со кукурек и јаглики: доаѓа време кога јаболкниците ќе бидат нападнати од гасеници, а компирот од кртови и слепи кучиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И носот на тој Онисифор Мечкојад му бил покриен со влакна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дури ни коренот во длабочина не ќе ѝ избега на кобата. Сеедно, доаѓала пролетта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но со копање, и слепиот црв ќе прогледа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Таму ти е сиот ум, - тој ти вели, сонце, зрак, или ангел, враг, а ти си мислиш, пекол, мрак, арамија, подлец, крадец, од тебе ќе учам ука, така не било, ако сакал цел живот неук и слеп да останам.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Поништен документ.
Се враќаш таму кајшто
смеата е изнасилена
хуморот црн
а слободата
згазена
небаре догорче
на споредна
и слепа
улица.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)